Никој како Данска – први во историјата со два порази во втора фаза на ЕП

Данска испиша историја во синоќешната победа со 4-1 над Русија и со пласманот во наредната фаза на Европското првенство. Ниту една репрезентација досега не успеала да стигне до елиминациите со два воведни порази. Тоа им успеа на Данците иако во првото коло минимално загубија од Финска, а во второто со 2-1 беа немоќни пред Белгија. Сепак, ова немаше да биде можно без помошта на Белгијците, кои синоќа со 2-0 беа подобри од Финците. Па така, Белгија продолжува како лидер од групата Б со максимални 9 бода, а Данска, Финска и Русија имаат по три, но само поради подобрата гол разлика, Данците се во осминафиналето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста