Ник Кириос одби да учествува на УС Опен
Ник Кириос одби да учествува на УС Опен кој започнува кон крајот на август. Австралиецот со грчко потекло преку видео обраќање ја објасни својата одлука да не игра на Грен слем турнирот во Њујорк поради ризикот од Коронавирусот. Изминативе денови од истата причина и лидерката на женската листа, Австралијката Ешли Барти соопшти дека се откажува од настапот на „Флешинг Медоус“.
КАТЕГОРИИ Останати спортови