Ниту гасовод, ниту шума. И по две години од пустошењето на Водно, остана само горкото чувство на прелажаните граѓани, реагираат еко активистите кои како што велат биле згрозени од колатерална штета на политичките игри и манипулации.

Алфа направи обиколка околу скопската планина, секаде работите беа стопирани. Бевме и во скопско Шишево, но и од таму не можевме да се доближиме до патот кој води до местото каде се уништуваше шумата.

Еко активистите посочуваат дека две години потоа и покрај сите укажувања за можни проблеми кај големиот наклон кај Шишево, истиот станува уште подраматичен.

Повикувајќи се на фактите кои ги документираат со фотографии, еко активистите за Алфа велат дека дел од Парк-шумата, патеката која води до напуштените бункери и која порано беше еден од најубавите делови, денес е градилиште, сведок на како што велат, болните желби на власта за што побрзо уништување и сечење.

Активистите кои мака мачеа да ја зачуваат планината, потсетуваат на ветувањата од власта дека за 3 месеци ќе се гледа крајот, сега се гледа само градилиште во срце на Парк-шумата Водном рече Татјана Стојановска за Алфа.

Од „Го сакам Водно“ се револтирани зашто до ден денес нема ниту старт, ниту план за пошумувањето.

Планинарска патека од каде одат и се враќаат рекреативците, сега е изоран друмски пат и со попатни остатоци од расфрлани камења и дрвја.
Од фотографиите кои се направени денеска, може да се види дека дел од планината и натаму е претворена во градилиште. Инаку, изведбата на гасоводот запре, иако требаше да заврши до крајот на 2019 година.

Борис Грујоски