НФФ: Конечно нема дискриминаторски услови за субвенции за руралните жени, остануваме “будно око“ на земјоделците

Националната федерација на фармерите ја поздравува измената на мерката за жените-земјоделки, што до неаодамна беше дискриминаторна. Имено, Владата ја укина мерката според која жените за да аплицираат за државни средства требаше да е во брак, да е мајка на едно дете, невработена, домаќинка и да живее на надморска височина од 700 мерти во населено место од 200 жители. Од НФФ објаснуваат дека барале да се реализира оваа промена уште во 2014 година, кога дискриминаторната мерка станала дел од старата четиригодишна Програма за рурален развој, но не наишле на конструктивен дијалог од страна на институциите. Подршка добиле и од шведскта фондација We Effcet, UN Women, Факултетот за земјоделски науки и храна. Сега, велат, ќе ја следат внимателно имплеменатцијата на мерката и условите за аплицирање, како и ефектите на мерката врз руралните средини и обезбедување на подобар живот на жените и нивните семејства.
Предупредуваат дека руралните жени мора да бидат вклучени во процесите на донесување на одлуките на сите нивоа во земјоделскиот сектор и руралните средини и во креирањето на земјоделските политики и политиките за рурален развој.
-Само на ваков начин руралната жена ќе биде видлива во општеството и ќе може да одговори на предизвиците што ја очекувата и со кои се соочува, вели Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.