Невреме во Грција, погодени најпознатите летувалишта, вонредна состојба на 6 острови

Обилните дождови и бури вчера предизвикаа сериозни проблеми во северниот дел на Грција.
Најпогодени се Халкидики, Кавала и Тасос, а на шест острови прогласенa е вонредна состојба.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а сообраќајот е блокиран во погодените подрачја.
Иако локалните власти тврдат дека се е под контрола, тоа не би можело да се каже на основа на снимките кои кружат на интернет.
Најкритично е во местото Олимпијада на Халкидики и Пангија на Тасос, каде водата носела и автомобили.
Страшна слика има и на местото Лименарија на споменатиот остров.