Невообичаени сметки за потрошена електрична енергија им пристигнале на македонски граѓани

Невообичаени сметки за потрошена електрична енергија им пристигнале на македонски граѓани токму во екот на пандемијата на корона вирусот. Дел од нив плаќаат помалку од  просекот за овој период од годината, но дел иако е време на економска криза, се принудени да плаќаат енормно високи сметки за струја.

Граѓанин кој сака да остане анонимен во Алфа достави и доказ за оваа рашомонијада со сметките. Во февруари и март не му биле прочитани броилата и добил паушал помал од просечниот, но затоа во април добил многу поголема сметка. Пријавил во ЕВН, од каде му рекле дека во февруари и март било во прашање паушал но затоа во април наводно дошол инкасатор за читање на броилото. Човекот прашува како е тоа можно, кога домот му е затворен поради корона вирусот и никој нема право да влегува внатре, но некаков конкретен одговор не добил. Од ЕВН велат дека сметките ќе се порамнуваат по олабавувањето на рестриктивните мерки.

Некои добија повисоки некои пониски паушали, а наредниот месец ќе биде обратно. Поради вонредната состојба беше прекинато мерењето на броилата, откако ќе се стабилизира ситуацијата, сметките ќе се порамнат и никој од граѓаните нема да биде оштетен – вели за Алфа Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

За да избегнат сметки со „паушална“ проценка, граѓаните, воведена е можност сами да направат отчитување на нивните броила за струја и потоа да ја достават состојбата до операторот на електро дистрибутивниот систем.  Исто така, исклучок во отчитување на броилата има.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста