„Невидливата рака“ на Корупцијата длабоко навлезена и во системот за јавните набавки

Мора да се најде лек за корупцијата во јавните набавки, алармираат од Центарот за граѓански комунунации. Корупцијата е длабоко навлезена и во системот за јавните набавки на државно ниво, и ако државата не сериозно не поработи на нејзино намалување, состојбата ќе се влошува, велат од Центарот за граѓански комунунации. На панел дискусијата рекоа дека треба да се посвети поголемо вниманите и на тендерите, кои најчесто завршувале со договор меѓу четири очи. Апелираа до институциите да бидат поажурни, но и МВР да работи во интерес на граѓаните.

Од државниот завод за ревизија пак велат дека сите набавки се одвивале транспарентно, иако не ја исклучија веројатноста дека постои можност за слабости во системот.

На конференцијата се дискутираше за досегашните напори во унапредување на јавните набавки и намалување на корупцијата, како и за можноста за засилување на независните регулаторни тела.

Вкупната вредност на договорите на јавните набавки што ги спроведуваат јавните претпријатија и акционерски друштва основани изнесува околу 300 милиони евра и претставува една третина од вкупните јавни набавки во земјата.

Инаку, сивата економија долги години се провлекува. Во моментов кај нас зафаќа речиси 40% од БДП. Со овој процент земјава е рангирана на високото 4-то место во Југоистична Европа. Од меѓународните организации велат дека пандемијата дополнително ја зголемила работата на црно насекаде во светот. Стопанството алармира што поскор да се работи на намалување на овој проблем.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста