Невакцинирани или трета доза- кој треба да биде фокусот?

Македонија е на пола пат до постигнувањто на колективен имунитет преку вакцинација или во проценти иуминизирани се само околу 40отсто од граѓаните. Докторите алармираат – фокусот итно да се стави на невакцинираните, а не на трета доза од вакцината. Д-р Злате Мехмедовиќ смета дека нема спас од новите соеви без колективен имунитет и со тоа ќе бидеме приморани да се соочиме со тешка есен и зима. Во однос на третата доза, тој вели дека воопшто не е препорачливо да се комбинираат вакцините, односно да се прими бустер доза Фајзер, доколку претходно биле користени две дози од друг производител.

„Не се знаат здравствените последици кои можат да следат од комбинирање на вакцини бидејќи студијата не е завршена.Затоа вакцинираните со друга вакцина која не е Фајзер треба да ги чекаат резултатите од студијата и да не брзаат за имунизација со трета доза.вели д-р Мехмедоќ.

Според професорот Даниловски бустер дозата на Фајзер се дава со погрешен пристап.

За комбинација на вакцините со различен став е професор д-р Александра Грозданова која воедно е и национален координатор за имунизација во земјава – таа вели дека комбинацијата со друга вакцина како трета доза нуди поголема ефикасност.

„Во однос на комбинирање на вакцините кое се јавува како прашање и од аспект на безбедност и на ефикасност, давањето на различна прва во однос на втора доза или различна буст доза дава можен поширок имунолошки одговор и појак бустер ефект. Студии направени во Велика Британија и во Шпанија покажаа одличен ефект од комбинација на Астразенека и Фајзер, комбинирање на Астразенека со Спутник, како и комбинација на Фајзер со Џонсон и Џонсон.”, истакна проф. д-р Грозданова.

Досега во земјава третата доза на Фајзер ја имаат примено околу 240 граѓани.

Дополнително што загрижува е и појавата на првите несакани последици од примањето на трета доза. Израел пред неколку дена идентификуваше девет случаи на воспаление на срцевиот мускул побустер дозата на Фајзер.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста