Неуспешниот атентат врз Киро Глигоров неразјаснет и по 25 години

И по 25 години, се уште се свежи сеќавањата на Зоран Спировски за кобниот ден кога дознал дека неговиот татко кој бил возач на Глигоров го загубил својот живот.

Две ипол децении подоцна, кај хотел Бристол врвулица автомобили, луѓе, отворени кафулиња, а на црната точка каде беше обидот за атентат на првиот македонски претседател во независна Македонија, стоеше само синот на загинатиот возач, чудејќи се каде да положи цвеќе во чест на својот татко.

  • За сплет на околностите, татко ми загина иако атентатот беше наменет за претседателот . Имав некое чудно претчувство дека нешто лошо ќе се случи. Кога дојдов на местото на настанот не ми се веруваше, точно 9 часот и 46 минути како што ми соопштија, јас стигнав подоцна дека мојот татко има загинато на ова место тука, меѓутоа заборавен од државата по цели 25 години. Веќе вознемирен сум.. вели Зоран Спировски – син на загинатиот возач на Глигоров

За Зоран времето запрело, стрелките на неговиот часовник се заглавени на 9часот и .50мин далечниот 3 октомври 1995, и од тогаш секојдневно ги преживува моментите кога дознал дека неговиот татко веќе не е меѓу живите. Но неговата голгота која започнува пред 25 години не завршува, животот и понатаму си поигрува со него, долгови, грижи, собирал пластика за да преживее, па одвај успева да добие професорска работа кој служи за отплаќање на долговите кои се собрале додека одвај врзувал крај со крај.

Обидот за атентат врз Глигоров, каде животот го загуби само неговиот шофер до денешен ден е мистерија. Институциите не дознаа кој и зошто го извршил нападот врз македонскиот претседател. Нападот беше извршен со експлозив. Глигоров преживеа, но беше тешко повреден.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста