Нетпрес: Скопското крило му ја разниша лидерската фотелја на Заев во СДСМ

Евидентно е дека отуствува чувстувото на триумфализам кај СДСМ по изборите од 15-ти јули. Неубедливата „победа“ од два пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ избоксувани во „шестката“ благодарение на задничката кандидатска листа со БЕСА, како и ултимативнтие настапи на досегашниот коалициски партнер ДУИ се причина за разгорување на старите поделби меѓу социјал-демократите, анализира Нетпрес.

Заев воопшто нема простор да се радува, иако СДСМ по речиси две децении оствари некаква победа на парламентарни избори, најнеубедливата од осамостојувањето на земјата. Ваквиот изборен резултат, всушност, му создаде поголем проблем отколку во 2016-та, имајќи го предвид и условот што го постави ДУИ, од една страна, кој сега е директно насочен кон рекомпонирање на политичкиот сооднос во земјата, според етничкиот принцип. Од другата, пак, тоа предизвика разгорување на стариот судир кај социјал-демократите, кој тлее уште откако Заев дојде на чело на партијата и влезе во пресметка со т. н. „скопско крило“.

Овојпат скопската фракција има силен повод за залет, и според информациите кои доаѓаат од редовите на СДСМ, и забележлив веќе и на социјалните мрежи. Скопското крило, имено, според нашите сознанија, е изразено против коалицирањето со ДУИ, поради нејзините мегаломански барања. Всушност станува збор за стапицата што самиот Заев си ја постави во кампањата кога остро го напаѓаше коалицискиот партнер во владата.

Како што деновите срамежливо се протнува низ медиумите, коментарот на „скопјаните“ бил Заев нема перформанси за преговори за состав на новата влада, имајќи ги предвид слабите преговарачки капацитети на актуелниот лидер на СДСМ искажани досега, и дека во настојувањата партијата сепак да остане на власт, СДСМ треба да предложи друг кандидат за премиер. Со тоа, пак, и наводно би се направил потег и ДУИ да се откаже од своето инсистирање за Зибери како иден премиер.

Меѓутоа, на Заев очигледно му е јасно дека во такви услови неговиот иден статус како политичар со директно влијалние во системот ќе биде силно поткопан. Поради тоа, Заев бил и силно заинтересиран да ја заземе премиерската позиција, па дури и како „преодно“ решение, бидејќи му било потребно време да ги расчисти криминалните случаи со кои јавноста го поврзаува. Секако, во прв ред станува збор за конечната одлука во случајот „Рекет“, а се очекува и исходот во т.н. случај „Рекет 2“, кои директно се поврзуваат со влијанието на Зоран Заев.

Неговата понуда како отстапка во внатрепартиските превирања, засега е промена на актуелните потпретседатели и именување нови, кои би ги задоволиле амбициите на интересните групи во СДСМ за поголемо влијание и во партијата и во власта. Но, Заев прво треба да го мине искушението на создавање влада, без повторно на партијата да ѝ налепи етикети на субјект кој постојано ретерира со цел само да остане на власт. Откако во СДСМ веќе сѐ погласни се критиките за промашеното коалицирање со БЕСА, кое наместо да донесе десетици илјади гласови на партиското конто, всушност било причина за одлевање на гласовите во македонските средини, а Касами доби четири пратеници со гласовите на социјал-демократите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста