Нестручно и небезбедно извршена дезинфекција утврди вонредниот инспециски надзор во градинката во Охрид

Нестручна и небезбедно извршена дезинфекција утврди вонредниот инспециски надзор кој  Државниот санитарен и здравствен инспекторат го споведе во охридската градинка “Јасна Ристеска”.На  12-ти овој месец е извршена дезинфекција на училишни и предучилишни установи од страна на Ј.П ”Комуналец” без одобрение на министерството за здравство, по усен налог на локалната самоуправа.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат побара стручно мислење од охридскиот Центар за јавно здравје за начинот на користење на дезинфициентот.Сретството кое што е употребувано може да се користи за дезинфекција во празни јавни објекти и на јавни површини,но не во присуство на луѓе-стои во записникот на ДСЗИ.

Со надзорот се потврдија нашите сомнежи дека на Ј.ПКомуналец нема никаква дозвола издадена од министерството за здравство за вршење на дезинфекција на јавни површини и затворени простории, односно детски градинки и училишта.Поради тие причини од инспекторатот му е издадена забрана на Ј.ПКомуналец во иднина да врши дезинфекција на затворени простории.Исто така утрдено е дека сретството кое се користело за дезинфекција во градинката, не смеело да се употребува во присуство на деца – изјави Сашо Донев од ВМРО ДПМНЕ.

Здравјето на децата не познава партии ниту етничка припадност,вели Донев кој поднесе претставка до Државниот здравствен и санитарен испекторат откако на социјалните мрежи осамна фотографија на која јасно се гледа дека во во клонот “Росица “ во присуство на деца се врши дезинфекцијата на просториите за што директорката тврдеше дека било несреќно направена фотографија.

„Се добива впечаток кога ќе се види фотографијата, дека се прави дезинфекција, додека децата се присутни. Всушност се работеше за изнесување на децата од занималната во холот, за во тој момент да се изврши дезинфекција во занималните. Не е точно дека децата биле присутни. И во сите објекти децата не се присутни кога се врши дезинфекција, бидејќи тоа не е штетно“ – изјави Мери Рилкова директор на детска градинка “Јасна Ристеска”.

Директораката на градинката требала да провери дали “Комуналец” има дозвола да врши дезинфекција, а не да ги тера воспитувачките при инспекцискиот надзор да даваат изјави дека децата во моментот ги ваделе надвор иако се гледа дека децата играат, на посочената фотографија има најмалку 5 дечиња-додава Донев.

Тој јавно ги повика сите институции кои што се вклучени во овој предмет до крај да ја истражат работат и да поднесат соодветни пријави.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста