Несторовски по голот против Јуве: Ова е важна и историска победа за Удинезе

Илија Несторовски беше еден од стрелците во големиот триумф на Удинезе против Јувентус од 2-1.

Тимот на нашиот репрезентативец имаше негатива по првиот дел, но со целосен пресврт во вторите 45 минути дојдоа до значајни три бода во борбата за опстанок. По мечот популарниот Нестогол ги сподели првите импресии на социјаталните мрежи.

„Ова е важна и историска победа за нас. Го заслужувме ова. Среќен сум што допринесов во триумфот“, напиша 30-годишниот напаѓач.

За него, Јуве е трета жртва сезонава по погодоците против Рома и Сампдорија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста