Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 34 Крива Паланка, 20 Струмица, Виница, 18 Скопје-Зајчев Рид, 17 Куманово, 16 Демир Капија, 13 Гевгелија, 11 Скопје-Петровец, Ѓуриште, 9 Штип, Берово, 7 Дебар, 4 Дојран и 3 Пожаране.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со краткотраен пороен дожд.

До недела ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локален дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста