Неспособноста и неажурноста на власта не остави без европска поддршка во битката против Ковид 19

Македонија потрошила помалку од Србија, Црна Гора и Албанија во справување со корона пандемијата. Само 7 милиони евра од домашниот буџет биле одвоени за четири месеци, од стартот на пандемијата, за набавка на материјали и лекови за заштита од вирусот. Од друга страна, дискутабилно е што Владата повеќепати ја предиминзионира државната каса под изговор оти недостасувале пари за справување со корона кризата.

Јавноста врие, откако Европската унија обелодени дека само Македонија не ги исполнила условите да добие финансиска помош. Граѓаните и познавачите реагираат оти не станувало збор за „домаќинско“ работење како што се правда власта, туку за лош менаџмент на кризата уште од почетокот на пандемијата.
Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики пишува дека власта цело време избегнува трошоци од јаваат каса, а трошоците за заштита од корона вирусот се оставени врз грбот на граѓаните.

„Цело време водат политики да нема трошење од јавната каса туку од сопствен џеб да ги покриеме трошоците на приватно за да се полнат нечии џебови. А еве тоа е критериумот за помошта, тој што инвестира и троши јавно здравствен буџет, добива. Ние имаме ист буџет за здравство во 2021 година, како и во 2020 кој е донесен пред корона криза. Јасно ли е кој плаќа, кој добива, а кој губи?“, пиша на Фејсбук Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.

За лошиот менаџмент на пандемијата, докторите алармираат со месеци. Матичните лекари и стоматолози не добија ниту денар помош од државата. Цела година со свои пари купуваат заштитна опрема, скафандери, маски, ракавиците и други средства за дезинфекција. Младите доктори преку организирана акција ги снабдија со визири своите колеги од јавното здравство.

„Најдобро ја изменаџиравте кризата, оставивте секој медицинар сам да си купува маски и заштитна опрема. Се согласувам дека ќе беше премногу и од ЕУ да земете пари за маски и останато, срам да ви е“, пиша доктор Ненад Лазаров.

Колачот од скоро 530 милиони евра од Солидарниот фонд на ЕУ ќе се подели помеѓу 17 членки на Унијата и 3 земји кандидати – Србија, Албанија и Црна Гора, Од нив најголем дел ќе добие Србија 12 милиони евра, Албанија 900 илјади евра, а Црна Гора скоро 200 000 евра. Од Европската Унија објаснија дека Македонија не го исполнила критериумот за финансиска помош: За да аплицира земјава требала да потроши најмалку 30 милиони евра, а потрошила едвај 7 милиони.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста