Нереални очекувања за туризмот оваа сезона

На што го темели оптимизмот првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јаневски кој најави туристички бум со дури седумцифрени бројки на остварени ноќевања ова лето, а ќарот го пресмета во стотици милиони долари.

Ако ме прашувате што очекувам 2021-ва  кога  е туристичкиот секор во прашање,повеќе до 2 милони ноќевања, многу блиску да се приближиме до бројката од 300 милиони долари од туристичкиот секор во македонската економија – изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

И додека Јаневски веќе ја гледа Македонија во зелената зона на мапата на туристички безбедни зони,што од средината на јуни според него на ривиерата ќе ги донесе и привите гости од Холандија и другите европски земји,македонските тур оператори велат дека неизвесно е доаѓањето на странците, бидејќи Македонија се уште се наоѓа во црвената зона според податоците на американскиот Центар за справување со пандемијата од 10 мај. Поради ваквата ситуација,охридските хотелиери, како риби на суво, очајни се крстат во домашните гости.

Ние ево веќе 12, 13 месеци работиме со нула промет, некој минимален промент или со 1, 2 % од тоа што сме го работеле, а како што времево доаѓа  гледаме дека тоа не оди на подобро.Ево сезонава доаѓа, а ние имаме многу слаб интерес за аранжмани Јаким Маленко-туристичка агенција “ Виспој”.

Резервациите се буквално ласт минит,никој не може да резервира од пред неколку месеци како што беа поранешните резервации туку сите резервираат од денес за утре.Така да и ние сме во некоја неизвесност, не знаеме дали ќе има резервации и посточките резервациии ги закажуваат пак ги откажуваат не знаме како ќе биде – изјави Игор Иванов-хотелиер.

Постои неизвеност, бидејќи луѓето се плашат да патуваат,прво што прашуваат е колку нашата земја е сигурна дестинација и кој ќе им ја гарантира безбедноста од здравствен аспект ?

Препоставувате каков впечаток оставаме кога ќе им кажеме дека туристичките работници во земјава сеуште не се ниту на приоритетната листа за вакцинација-велат хотелиерите,а тоа е еден од условите што ќе придонесе полесно да ја продаваме нашата дестинација и да направиме обид, колку толку да ја извлечеме оваа сезона.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста