Непречен увоз на Британски сој во Македонија-Границите ширум отворени за туристи

Врие во туристичката фела,туристичките работници бараат јасно дефинирани правила и насоки за безбедно фунционирање, оти ова што се случува сега е хаос велат. Сведочат дека неколку туристички водичи и возачи на автобуси кои превезувале групи од по 20-тина туристи што е дозволиво согласно протоколите, биле санкционирани заради тоа што туристите во автобусите,одбиле да носат заштитни маски.Иако нашите колеги и возачите носеле заштитни маски, после 21 ден на домашна адреса добиле парични казни бидејќи не се придржувале по протоколите за заштита од Ковид 19,што е апсурд-вели Климент Наумов,од здружението на туристички водичи.

Вака не може, мораме да добиеме еден протокол по кој што ќе се раководиме доколу сакаме да имаме било каков туризам-додава тој.

  • Сеуште немаме добиено протокол за безбедно функционирање во туризмот.Треба да добиеме правила на игра од институциите кои се занимаваат со оваа проблематика за да знаеме како да го планираме нашето време понатака и дали воопшто би се исплатило да се задржиме сеуште во оваа професија или нашите колеги да бараат некој друг начин на егзистенција-рече Климент Наумов здружение на тур.водичи “ Кеј”.

Капак на се’ во ова тотално безредие,западноевропските земји и САД даваат остри препораки на своите дражавјани да не патуваат во земји каде борбата со пандемијата не е на соодветно ниво.Тоа ги натера странците да ги откажуваат закупените аранжмани што ги доведен во безизлена ситуација нашите хотелиери.

  • Изминатите 7 месеци Македонија е отворена,секој  може да влезе, секој може да излезе, но земјите од емитивните зони не сметат како црвена,  портоколава зона значи високо ризичен регион каде што борбата против пандемијата не е ставена под контрола-вели Климент Наумов здружение на тур.водичи “ Кеј”.
  • Имаме многу откажувања во однос на најсилните наши резервации ни се откажани до јули месец,моментално работиме со индивидуалци најчесто ги имаме гоститите од соседството-рече Марјан  Трпески-хотелиер.

И токму гостите од соседна Србија каде тамошните здравствени власти бараат воведење на карантин поради наглото ширење на пандемијата,кај нас 8-мо мартовски група од 100-тина срби слободно ги поминаа ширум отворените граници.Туристичките работници сугерираат задолжително воведување на ПЦР тестови и враќање на дел од заострените мерки кои ги воведовме во пикот на заразата,оти со вакво стихијно дејстување, со паушално почитвање на и така олабавените протоколи,во сред сезона Македонија ќе биде жариште на коронавирусот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста