Необична и чудна новогодишна ноќ и во Охрид-кафулињата и рестораните затворени, гости многу малку

Охрид, под ѕвездено небо и илјадници светилки,ги живее последните часови од годинава, но во заспаниот туристички центар, нема живост.И додека сите броиме ситно, ја нема препознатливата празнична врева,а шеталиштето кое новогодишно,вообичано врие од гости сега е пусто-нема детски џагор, нема насмеани ведри лица.

-Оваа нова година нормално дома.Е сега нормално дека е многу различна од другите нови години затоа што сум ја чекал и дома и странство и сегде.Единствена мисла е новава да не биде како старата ;

– Јас сум од Тетово имам стан овде, дојден сум со фамилијата.Што ќе биде вашата единствена желба оваа нова година? Болеста да замине ;

-Ова е прва година што доаѓаме во Охрид,мислевме дали ќе има снег, каков е Охрид зимно време

Студеното и врнежливо време како денеска никогаш не ги колебало бројните туристи завиени во шалови и капи да уживаат обИколувајќи го древниот град.Годинава сеуште пристигнуваат,но незначитечен број странски туристи.

– Очекуваме доминанти да бидат домашните гости, но сепак очекуваме една група засега, гости од Бугарија, изјави Јоце Николовски-хотелиер

-Во ова време, во ваква ситуација воопшто не е паметно да се патува, вели Климент Наумов-туристички водич

 Единствена грижа на гратскиот татко ,е најубавиот ден од годината да помине без лудувања, групни собирања и забави.

-Колкави се капацитетите наши како општина и како држава секое едно девијантно однесување на некакви масовни журки и собиранки да го спречиме.Ќе санкционираш еден,двајца, тројца, пет колку ќе санкционираш ?Ако јавната свест е на ниско ниво, се ни е бадијала, посочи Константин Георгиески-градоначалник на Охрид

А во ова тмурно време, учениците од основното “ Григор Прличев” не потсетуваат колку малку е потребно за некому да му донесеш радост. На сиот глас ,преку песна порачуваат дека и под маските се кријат безброј насмевки. Се’ ќе биде добро !

И годинава не изостана уникатноста на охридските нуркачи, кои 18 години по ред ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.

Секој што ќе се затекне во Охрид овие празнични денови, нашите сограѓани срдечно  ќе го поздрават и од оваа убавина и покрај сите грижи, ќе му посакаат: здравје, среќа, љубов, душевен мир и благосостојба.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста