Ненад Димитријевиќ најдобар асистент во првиот триумф на Хувентуд од шпанскиот плејоф

Македонскиот репрезентативен плејмејкер, Ненад Димитријевиќ беше најдобар асистент во првата победа за неговиот Хувентуд во доигрувањето за титулата во Шпанија. Во драматичен меч против Билбао, Хувентуд во продолженија славеше со 86-76. Нено за 30 минути на паркетот заврши со 7 успешни додавања, 11 уфрлени поени и два остварени скока. Нов предизвик за Димитријевиќ и Хувентуд во групата А од плејофот е Уникаха, в недела од 18.30 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста