Ненад Димитриевиќ заминува од Хувентуд во Валенсија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитриевиќ потпишал за Валенсија и наскоро, ако не сезонава, во следната сигурно, ќе се стекне со шанса да заигра во Евролигата. Плејот и претходно беше поврзуван со портокаловите од салата Фуенте де Сан Луис, а сега според повеќе извори дошло до потпис на договор. Деталите ги нема, но се верува дека тоа е повеќегодишна обврска која не исклучува можност Димитриевиќ во новата кампања да остане во Хувентуд, но сега како отстапен играч.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста