НЕМИРИ ВО ЕРМЕНИЈА: ДЕМОНСТРАНТИ ГО ПРЕТЕПАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ

Во главниот град на Ерменија, Ереван ноќеска настана тотален хаос откако беше соопштено дека е постигнат договор за прекин на судирите во Нагорно-Карабах. Народот излезе на улиците незадоволен од договорот, сметајќи дека истиот е неповолен за Ерменија.Покрај зградата на ерменскиот парламент, демонстрантите ја зазедоа и зградата на Владата на Ерменија и го демолираа инвентарот. Претседателот на ерменскиот парламент Арарат Мирзојан е претепан од страна на демонстрантите. Бројни снимки од местото на инцидентите се појавија на социјалните мрежи и ја прикажуваат исклучително драматичната ситуација, а на едно од видеата може да се види моментот на линчување на претседателот на парламентот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста