Нема веќе „Сумамед“ без рецепт

Нема веќе сумамед без рецепт. Масовната побарувачка на граѓаните на овој антибиотик се должи на шпекулациите кои протекоа во јавноста – дека  сумамедот во комбинација со лекот против маларија го лечи корона- вирусот. Меѓутоа, ефикасноста на двата лека засега не е докажана. Министерот за здравство Филипче оптимист, вели од утре ќе се практикува оваа терапија која во многу земји дала резултати и апелираше граѓаните да не прават залихи.

Во однос на терапијата, со оглед на тоа што во последните денови излегоа повеќе студии дека дава резултати, ја обезбедивме потребната терапија за голем број на наши пациенти. Повеќе публикации покажаа дека дава добри резултати. Од утре па натаму ќе биде дистрибуирана кај сите пациенти кај кои има потреба. Во повеќе земји веќе ја ставија во употреба, и поради тоа ние го правиме истото“, рече Венко Филипче,министер за здравство.

Лекарите пак, убедуваат дека сумамедот не е превенција од Ковид19.

“Недозволиво е да препишувате Azithromycin под притисок на пациенти, ниту приватно.

Добивам инфо од колеги дека веќе се потрошени огромен број количини по аптеки, престанете веднаш, ќе немаме за секојдневна работа и за оние кои навистина и најмногу им треба!

Аптеки, криминал е да продадете антибиотик без лекарски рецепт!

Сумамед и сл. не е превенција од COVID-19!!!”пишува Д-р Ненад Лазаров.

Непознато останува – како граѓаните досега успевале да купуваат сумамед без рецепт, со што се работи за тежок антибиотик. За кининот од Министерството велат дека не е лек што го има во оптек и не се користи во редовна употреба, поради што сега се набавува. Кининот е познат и како лек против маларија, а успешно се  применувал за ХИВ вирусот, како и за САРС.

Бројни експерти и фармацевти предупредуваат дека како и сите други лекови комбинацијата на лекот против маларија, и на сумамед кој е антибиотик, не треба да се зема на своја рака, без консултација со доктор.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста