Нема веќе свиткана кичма и бакнување чевли: Мицкоски најави дека во Брисел ќе ги брани македонските национални интереси

Нема веќе свиткана кичма и бакнување чевли: Мицкоски најави дека во Брисел ќе ги брани македонските национални интереси

Позицијата на Македонија е јасна, доста беше свиткана кичма и бакнување на чевли, време е се разговараме за човековите права и темелните вредности, кои ги имаме како обврска на патот кон Европската Унија – премиерот Христијан Мицкоски во Брисел ќе го пренесе јасниот став дека нема да се прифаќа уривање на македонските национални интереси, дека пречка на европскиот пат на Македонија не смеат да бидат уцените од соседните држави.

-Ние не сме во можност да почнеме, не заради тоа што не ги почитуваме копенханските критериуми, не затоа што не сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, кои што ниту еден народ, ниту една држава ги немала како што ги имаме ние. Така што да бидат сигурни македонските граѓани дека ќе се бориме, ќе се избориме за македонските национални интереси. Позицијата на Владата е јасна, мојата позиција е јасна, доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и бакнување на чевли, изјави Мицкоски.

Македонија пред 15 години доби препорака за старт на преговорите со Европската Унија, но пречки на патот беа соседите. Прво Грција не блокираше, а сега веќе неколку години тоа го прави и Бугарија. Мицкоски порача дека ќе бидат претставени аргументите на државата, но и пренесено големото разочарување кое го имаат македонските граѓани, бидејќи сме блокирани, не поради тоа што не ги исполнуваме условите, туку поради тоа што имаме вештачки наметнати пречки.

-Јас сум тој што треба да ги брани и да ги одобрани нашите национални интереси, македонските национални интереси. Како што беше во минатото кога бевме опозиција, така и сега како Влада, сега дури имаме и повеќе аргументи, сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата што ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна, изјави Мицкоски.

Покрај Мицкоски наредните денови во Брисел ќе биде и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, а меѓу повеќето билатерални средби кои се предведени, Мицкоски ќе се сретне и со претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста