Нема веќе „како до сега“: Го нема повеќе пајакот, наместо неказнивоста почна да владее законот

Нема веќе „како до сега“: Го нема повеќе пајакот, наместо неказнивоста почна да владее законот

Не е веќе како до сега, го нема повеќе пајакот и останатите инциденти кои минатата власт се обиде да ги сокрие. Неказнивноста заменета со почитување на законот. Според познавачите ова го покажуваат првите 40тина дена владеење на новата власт во Македонија. Доказ за тоа е и кривичната пријава за членот на обезбедувањето на Африм Гаши, уапсениот полицаец за ковање лажни евра, кривичната пријава за Бесија Иљази, поранешната директорка на Токсикологија, но и низа други сомнежи за криминал кои се откриени минативе месец и половина.

Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски вели дека институциите покажуваат многу поголема ажурност за разлика од она што се случуваше последниве седум години.  

-Ние кои што ја следиме безбедноста и кои што ја следиме работата на МВР со право кажуваме дека активностите во Министерството се зголемени, во кој сакате ресор на надлежности на Министерството гледате дека е подобрена и состојбата со делот на управните работи, на граѓанските работи, гледате дека е подобрена работата во делот на откривачката функција на полицијата, изјави Ѓурчевски.

Сепак пред институциите останува многу работа со цел разоткривање на сомнежите за криминал сторен минативе години. Според Ѓурчевски останува многу работа, а пред се треба да биде расчистен случајот со фалсификуваните пасоши кои ги добија белосветски криминалци и дилери на дрога.

-Би повикал во Министерството за внатрешни работи да се расчисти најголемиот срам за Македонија, тоа се оние 215 пасоши и да се одземат ите државјанства, односно да се поништат тие пасоши издадени на криминалци кои што се бараат со потерници преку Интерпол и локалните други светски полиции, затоа што станува збор за една сериозна организирана криминална мрежа на нарко дилери, трговци со оружје, со она што викаме најсофистицираниот организиран криминал во светот, изјави Ѓурчевски.

Новите кадри во македонскта Влада, најавија дека следуба безкомпромисна борба против криминалот, но и испитување на сите сомнежи за можни кривични дела сторени од функционерите во текот на минативе години.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста