НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема трага од малиот Петар – дали институциите затаиле?

        Додека опасната мариовска дивина и длабокиот снег се’ уште го „кријаат“ 10-годишното момче Петар, неговото исчезнување во јавноста како пак да ја отвори децениската рак-рана на македонското општество. Потфрлија ли пак надлежните институции околу стручната грижа за семејствата во социјален ризик, а особено за лицата со попречености, се’ пореволтирано се прашуваат граѓаните.На социјалните мрежи бројни се реакциите во кои се бара одговорност од државата.

   И додека од МЦСР од Прилеп молчат, психолозите со укажувања дека на ваквите семејства повеќе од неопходна им е постојана социјална поддршка.

  „Нив социјалната поддршка им е потребна затоа што тие не се способни сами да излезат на крај со некои проблеми со кои се соочуваат. Како прво не се ни свесни од каде да побараат помош…Лицата кои се со пореченoст, кај нив развојот не оди на ниво на нашата свест и ним им е потребна поголема упатеност, повеќе надзор, повеќе внимание, затоа што тие немаат ни сознанија дека постои нешто што можат да го искористат од државата“, – ни изјави за Алфа, Лариса Стојковиќ- Трајкоска, дипл. психо-терапевт.

    Реагираа и од ДА „Меѓаши“. Оттаму потенцираат дека во Македонија пет деца се водат како исчезнати и дека крајно време е и кај нас да се активира европскиот број за исчезнати деца – 116-000. 

   „Ако нема резултат од таквата координирана акција заедно со граѓаните и полицијата и сите институции на системот, во тој случај треба да се мобилизира и Интерпол и Европол. Секој ден во светот исчезнуваат по 22.000 деца. Во Македонија пет деца се водат како исчезнати и не се пронајдени“, вели Драги Змијанац од ДА „Меѓаши“.    

   Инаку, како што Алфа дозна од свои извори, малиот Петар е дете со сериозни оштетувања во говорот, слухот, но и во видот што можеби е и причина повеќе за отежнатата и досега безуспешна потрага која трае веќе пет дена. Тој исчезна во петокот окoлу 16 часот во атарот на маровското село Врбско. Потрагата по него, Полицијата официјално ја презеде дури завчера, а ЈО отвори предмет, кој се уште не е предистражна постапка.

 Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста