Нема правна логика во одлуките по мерките притвор

Нема логични, а најмалку парвни објаснувања во одлучување по мерката притвор. Дуќан од 250 метри квадратни кој вештаци од Охрид го процениле на 850.000 евра им даде зелено светло на контроверзните браќа Усеини да излезат од притвор и судењто за нападот на нивниот сограѓанин да го чекаат од слобода. Иако беа во бегство, иако за бизнисменот и советник на ДУИ, Нефи Усени има повеќе кривични постапки на кои не им се знае крајот, сепак судот не виде причина за обезбедување на Усеини и неговиот брат. Опасност од бегство, влијание на сведоци, повторување на делото, ова се трите главни постулати по кои се носи одлука дали некој треба да заврши во истражен затвор. Охридскиот суд не видел никаков проблем кога одлучувал за Нефи и Ибраим Усеини. Но не е секогаш така. Понекогаш ниту почитувањето на одредените мерки, ниту големите парични гаранции не се доволни за изживување врз обвинети, коментира адвокатската фела. Звонко Давидовиќ кој е браниетл во повеќе случаи кои со години наназад го свртеја вниманието на јавноста вели дека нелогичните одлуки на судовите кога станува збор за притворите не е ништо ново.

-Нема логика во определувањето на притворите ниту некоја востановена судска пракса, едноставно служи како казна, а не како мерка. Конкретно Душко Лазаров, па и за случајот Фаланга, беа луѓето пратени во куќен притвор, после 2, 2,5 месеци по жалба на јавниот обвинител Апелациониот суд ги врати во притвор иако куќниот притвор функционираше беспрекорно и ниту еднаш условите за куќниот притвор не ги прекршија. Зошто да не се одреди поблага мерка и на еден начин да се изживуваат со држење во едни ненормални услови. По однос на 27 април, беше дадена и огромна гаранција и гаранцијата не вредеше за да се определи притвор понатаму и Врховниот суд и другите судови гаранцијата не ја вратија, не ја избришаа иако го пратија конкретно Душко Лазаров во притвор. – вали Давидовиќ за Алфа.

Тој потсетува и на случајот за убиството кај Биг Фиш кога неговиот клиент кој беше осуден на доживотен затвор Тони Денковски, му беше пресметувана затворска казна без правосилност на пресудата. Политизирано и партизирано судство и обвинителство доведува до граѓанска недоверба во системот.Повеќе од очигледно е дека час поскоро треба да се направи корективи на судовите и обвинителствата.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста