Нема поместување на зимскиот распуст, Царовска вели дека состојбата во училиштата со коронавирусот е стабилна

По министерот за здравство Венко Филипче, кој во петокот тврдеше оти нема потреба за нови рестриктивни мерки за заштита од најзаразната Омикрон мутација на Ковид 19, денеска и министерката за образование Царовска тврди дека ситуацијата со вирусот е под контрола.

Наспроти Филипче и Царовкса, лекарите со недели наназад алармираат оти неодговорноста на властите и ненавременото преземање на мерки може скапо да не чини. Пррофесорот Никола Пановски, бара итно распуштање на учениците пред новогодишните празници, а голем дел од стручната фела алармира дека треба веднаш да се воведе строга контрола на границите, па дури и карантин од 14 дена, по примерот на западно европските земји.

„Изјавите на нашите претставници, според кои „бројките биле во намалување и тие не гледале потреба за воведување дополнителни мерки“ е крајно плиткоумно, непромислено и неодговорно. Се наоѓаме во иста ситуација како во јули годинава, непосредно пред пристигнувањето на Делта сојот во земјава. Непреземањето на мерки тогаш, со дозволени патувања без никаква рационална и неодложна потреба досега нé чини околу 6.000 човечки животи, мерено според одвишната смртност. Се плашам дека поради нивната неодговорност новиот сој ќе го добиеме за многу кратко време, а штетите коишто потоа ќе настанат ќе бидат директна последица на нивната неодговорност и неспособност за контрола на границите“, пиша на Фејсбук универзитетскиот професор Дејан Трајковски.

Во меѓувреме, Европа се соочува со петтиот бран од пандемијата, бројот на нови случаи вртоглаво расте, особено во Велика Британија, каде веќе е прогласена вонредна состојба. Таму двевно се регистрираат и над 80.000 новозаразени случаи. Холандија донесе одлука да оди во едномесечен карантин пред Божиќ. Италија, покрај потврда, бара и негативен пцр тест, а Франција воведува ваква мерка за земјите надвор од европската унија. Поради нови ограничувања протести има и во Брисел.

И Грција од вчера, за влез во земјата, бара задолжителен негативен тест за сите патници над 5 годишна возраст.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста