Нема пари за 16-те монтажни болници, очекуваниот есенски бран ќе го дочекаме со истите капацитети

Есенскиот Ковид бран ни е пред врата а македонското здравство останува со капацитетите што ги имаше досега – ништо од најавените 16 мобилни болници.Проектот кој што требаше до крајот на август да биде готов, сè уште останува на хартија. Пари нема – ниту рок кога ќе бидат готови, министерот за здравство Филипче повторно се правда дека се зависело од кредиот од Светска банка.

“За жал изгубивме драгоцено време повеќе месеци.. мобилните болници имаат за цел да ги одделат целосно физички пацинетите кои се заболени од Ковид19. Истите тие тимови кои што работат како инфектолози и медицински сестри дополнети со системот на ротација и дополнети со младите лекари ќе бидат респределени во тие болници.”вели министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, црната бројка на починати од коронавирусот продолжува, од почетокот на пандемијата досега се евидентирани повеќе од 720 починати. Но тоа министерот Филипче не го загрижува – напротив вели состојбата била стабилизирана. А анализата за причините за високата смртност ја најави за две недели.

За сега останува запаметен 2 јули, кога беа регистрирани дури 15 смртни случаи  Ковид-19, но загрижува и вчерашниот ден каде евидентирани беа 9 починати.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста