Нема пари да се награди „Медена земја“, министерството за Култура ги потрошило парите за сунет

Филмот „Медена земја“ нема да добие ниту денар од државата, и покрај најавата на премиерот Оливер Спасовски и министерката Нина Ангеловска. Министерството за култура нема пари за филмот, иако периодов се прослави со делење пари за се и сешто, па и за сунет како традиција.

Одлуката на Владата екипата на филмот да биде наградена со три милиони денари преку награда од министерството, пропаѓа во вода, па така техничкиот премиер и министерката за финансии ги излажале Атиџе и останатие од филмот. Веста што ја соопштија Оливер Спасовски и Нина Ангеловска на Фејбук – нема да ја испочитуваат затоа што во буџетот нема ставка за ваков вид на финансиска помош како што бара Владата.

– Во прописите на културата, вклучително и во Законот за културата и Законот за филмската дејност, не е содржан правен основ за донесување одлука за давање на државна награда и месечен паричен надомест, пишува во документот од Културата.

Претходно Владата го задолжи Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот. Оваа награда требаше да предвидува признание за успехот и месечен материјален надомест, но за жал од ова најверојатно нема да има ништо.

По успехот на документарниот филм „Медена земја“ да се номинира за оскар во две категории, националниот успех на екипата брзо да го заборава државата.

Денеска пак техничкиот премиер рече дека сепак имало пари во буџетот, иако од Култура се огласија дека пари нема. Според документот до кој дојде Алфа истиот е донесен на 21 јануари а на 6 февруари минситерството за култура ја известило владата дека валдиниата одлука не може да биде спроведена затоа што во Буџетот на државата за 2020 во делот за културата, нема обезбедено средства за оваа намена.

– Јас, посебно не можам да ги сфаќам сериозно сите изјави и информации кои што доаѓаат од политичките партии, просто поради тоа што имаме предизборен период, па секој сака да си каже тоа што на него мисли дека му одговара. Ве информиравме дека на минатата седница на Владата е донесена одлука во којашто е утврдено добивање на финансиски средства за секој член од тимот на „Медена земја“ како награда, по седум илјади евра за секој од членовите, рече Спасовски.

Во цитираниот нацрт записник не е прецизиран начинот и времето на доделувањето на наградата, висината и надоместокот, кој ќе ги врачи и ќе ги обезбеди средствата за наградата и се предлага сето тоа да се утврди со Закон. Откако ја отфрла одлуката на владата Министерот за култура, Исмаили од Спасовски бара да најде соодветна ставка од буџетот на владата ако сака да најде пари за „Медена земја“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста