Нема одговор од здравство по надзорот на ДСЗИ за Токсикологија

Нема одговор од здравство по надзорот на ДСЗИ за Токсикологија

Продолжуваат превирањата на клиниката за Токсикологија. Откако вчера Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека новите вработувања се незаконски, денес до медиумите пристигна писмо со серија обвинувања за непотизам, несовесно финансиско работење, повици за лична одговорност, како и ред други пропусти за работата на в.д. организациската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, упатено од 57те вработени на клиниката, но без потписи и имиња од испраќачите.

„• Дали сте спремна за Вашето економско работење во изминативе 3,5 месеци, јавно да се соочите со Раководителот на сметководтсвото при Клиниката

• Дали сте спремна да се изврши тајно оценување за Вашата работа

• Дали сте спремна да понесете лична одговорност, што на 15 мај на се уште незавршени парламентарни избори, спротивно на законот, потпишувате решенија на договор на дело со 18 извршители“

Ова се само дел од 13те прашања и обвинувања адресирани до организационата директорка Иљази. Тие следат по вчерашниот инспекциски надзор од државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кој се утврди дека новите 18ет спорни вработувања на клиниката, се невалидни.

  • „Што се однесува до потпишување на акти, на самата клиника, од страната на медицинскиот директор и организацискиот директор, кои што имаат заедничка надлежност, децидно стои во законот за здравствена заштита, договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни набавки и т.н. Во овој случај, станува збор за договори за вработување кои се потпишани само од организацискиот директор.“ – Изјави директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

Тврдењето дека овие вработувања се незаконски и одбивањето на медицинскиот директор да ги потпише, беше меѓу главните изговори на министерот Демири да го разреши. Но и покај наодите на инспекторатот, за овој прекршок не е предвидена казна.

Надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат завршуваат тука. Случајот „Токсикологија“ сега е во рацете на министерството за здравство, од каде треба да одлучуваат за 18те нови вработувања.

Во меѓувреме, конфликтите и препукувањата на клиниката, се кршат врз грбот на пациентите.

Министерот за здравство пак, Илир Демири, чија инситуција сега треба да одлучува по наодите на инспекторите, неодамна порача оти не гледал проблем со новите вработувања на токсикологија, кои се случија во предизборен период.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )