Нема нови респиратори- што се случи со тие 25 кои Mакедонија ги купи со средства од норвешката амбасада?

Најавените респиратори од стратнство кои требаше да пристигнат на почетокот на април ги нема. Филипче се правда постапката била прекината, но ќе била обновена. Убедува дека засега доста ни биле и оние респиратори кои ги имаме.

Таа постапка беше прекината и сме во фаза да ја повториме. Сакам да кажам дека и сега има сосема доволен број на респиратори, близу 120 во државата, над 80 во Скопје, така што таа е само една постапка со која што сакаме да го дополниме бројот на респиратори, истакна денеска Филипче.

Османи само пред неколку дена рече дека 25 респиратори кои се наменети за нас има заглавено во депо во Турција, Македонија ги купила, со средства на амбасадата на Норвешка, а посредувала организација на Обединетите нации. Македонија ќе почека и на долгонајавуваните апарати од Кина, оти немале на лагер.

-Кина одговори позитивно за обезбедување респиратори, но бидејќи 100 земји исто така бараат респиратори, тие се обезбедуваат тековно, но како што се произведуваат, така ќе бидат достапни за нашите институции – меѓу другото изјави Османи.

Драмата околу набавката на респиратори започна кон средината на март каде само за неколку дена Филипче даде контрадикторни изјави

Еве што кажа најпрво кажа:

Тоа што е најпрво на располагање во приватните болници, 40 тина во една институција, близу 30 во друга приватна институција, ние набавуваме 50 кои ги очекуваме оваа недела со можност за уште 50, истакна Филипче на 16.03.2020.

За по три дена да истакне дека ќе се одбирал најповолен добавувач.

Лажна вест е дека набавката е завршена. Таа постапка не е завршена, допрва следи аукцијата, спуштањето на цената на понудите, рече тој на 19.03.2020.

Па дека биле заглавени во Бразил.

Проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација на министерството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка на машини да ја ослободиме, рече министерот на 19.03.2020.

Заборави ли министерот на неговото првично ветување дека од Кина најверојатно ќе стигнат 200 респиратори. Зошто нема детално објаснување не се знае. Опозицијата алармираше за манипулација со тендерската постапка по што министерството ја поништи. Објаснија дека ниту еден оператор не можел да го обезбеди критериумот за итна набавка.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста