Нема нови податоци на англиски јазик на клучните министерства, проблем за странските туристи

Странците ако сакаат да дојдат во Македонија нема да најдат информации на англиски јазик на ниту една од официјалните веб страници на МНР, МВР и МЗ. Министерствата кои се клучни во поддршката на угостителско-туристичкиот сектор во време на пандемија ги немаат ажурирано податоците со месеци, велат од Стопанската комора на Македонија. Изостанала и промоцијата на Македонија кај традиционалните и  кај регионалните пазари, немало превоз до туристичките дестинации а  нема ниту чартер летови тврдат од комората.  Предлозите и идеите, што им ги кажале на владините претставници, не се примениле.

Имаме серија на предлози за кои во изминатиов период сме алармирале, сме укажувале но за жал, имаме министерства со кои  постои комуникација, но има и министерства со кои речиси и не постои, и тоа е тоа што Македонија се повеќе ја снемува од глобалната туристичка мапа-рече ДАНИЕЛА МИХАЈЛОВСКА ВАСИЛЕВСКА-Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора.

На страницата на МНР, таму нема информации за тоа кои се условите за влез во државата. Значи на англиски јазик немаме никакви информации. Имаме на македонски и албански јазик. Имаме на англиски ама за Македонци кои патуваат надвор и тие  се од ноември стари, а сега сме јули. МНР, нема сајт на англиски јазик. Има на македонски и на албански а нема на англиски и како ние да им објасниме на гостите? На МЗ, најодговорното министерство за овие податоци нема на англиски сајт, има еден сајт што е коронавирус  на кои информациите се од 20 мај 2020 година – рече АЛЕКСАНДАР КУЗМАНОВСКИ- Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора.

Од стопанската комора алармираат дека и веќе најавените туристи од Турција, Полска и Холандија се несигурни.

Бидејќи долго време бевме со црвената зона поради пандемијата а и не направивме доволна промоција, и директна дипломатска офанзива, да се контактираат тур-оператори, пред домашните партнери агенции, тука мислам дека малку задоцнивме, и сеуште доцниме..-рече АСИМ МЕЏЕДОВИЌ-Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора.

Наместо туристичка во Охрид започна сезона на уривање дивоградби што најмногу ќе му наштети на туристичкиот сектор, за што сметаат од комората дека требало да се одложи барем до завршување на летото.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста