Нема милост за трските во Струга, и натаму се палат за де се градат објекти

Да се запре криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро, нивното палење во заштитено подрачје е кривично дело – силно реагираат невладините организации кои за овој екоцид,бараат институционална одговорност. Палењето на трската во Струга, проблем кој се провлекува повеќе од една деценија, говори за целосен неуспех на мноштво чинители кои само декларативно се залагаат за зачувување на трската.

Овие инсерти од последниот инцидент кога сред бел ден беше запалена трската во близина на Извидничкиот центар во Струга, се уште еден доказ дека во општеството во кое владее беззаконие се’  се врти околу парите и политичката моќ-велат граѓанските активисти од Струга.

Навистина е наивно и инфантилно да се размислува дека се тоа некои вандали. Претпоставувам дека се некои лица, субјекти кои што планираат да си го узурпураат теренот. Веќе неколку пати сме рагирале како здруженија на граѓани, како сами граѓански активисти, но до сега не сме наишле на некакво серизно решение од надлежните институции, едноставно некако популистички се настапува, се носат некои инстант реакции, некои забрани кои што самите не можат да ги реализираат и да ги одржат .

Екологостите со години укажуваат дека во заштитена зона на природна реткост се пали трската и се тампонира езерскиот појас. Кога институциите ќе потфрлат – крајбрежето на Охридско езеро се претвора во градежно приватно земјиште. 

Таму се вршат големи узурпации на крајбрежјето, се сечи трската, се уништуваат крајбрежните површини, се насипува езерото се со цел да се направат некогаш во некоја догледна иднина добри површини за градба каде што би се изградиле хотели како што би се изградиле и викенд населби.

Никој велат граѓанските активисти, нема ништо против урбанизирање на градот, но мора да има ред. Некој мора да понесе одговорност за ваквото дивеење. За последниот инцидент полицијата излезе со соопштение во кои стои дека по насока на јавен обвинител бил извршен увид и оти во гаснењето на трските интервенирале пожарникарите и толку.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста