Нема лекови за хроничен ревматоиден артрит, се користат за лекување на болни со Ковид 19

Пациенти од внатрешноста оставени сами да се снаоѓаат за хроничната терапија. Кичевчанката Валентина, за Алфа сведочи дека со месеци се обидуваат да најдат лек за нејзината мајка, болна од хроничен ревматоиден артрит, но лекот кој со години го користела повеќе го нема. Вели, од аптеките им одговориле оти државата ја повлекла целата терапија за лекување на ковид позитивните пациенти.

„Лековите веќе еден месец се обидувам да ги најдам во Кичево и Околните градови каде што имам контакти да ми ги побараат и секаде истиот одговор дека сите резерви се откупени од страна на државата затоа што Хлотрикинот се полажа како успешен за лекување на болните од Ковид 19“, вели Валентина Павлевска.

Павлевска алармира – мајка ми е со постојани болки, а последното кутивче од лекот што успеавме да го најдеме моравме да го поделиме со уште една пациентка. Вели не смее да се ризикува здравјето на едни пациенти за сметка на други.

„И болните од реума се ставени во ризична категорија од корона вирусот, а не се во можност да дојдат до лекот. Реумата ги напаѓа зглобовите, екстремитетите, болните со висок реума фактор ниту лажица не може да си земат во рака без терапијата“, вели таа.

Аптеките кои Алфа ги консултираше признаваат оти државата ги повлекла резервите на овие два лека уште на почетокот на корона кризата. Министерот за здравство, пак, вели оние кои имаат потреба од ваков лек да се јават во Агенцијата за лекови.

„Може за двата лека кои се користат за реуматоиден артрит, може или на Клиника да се јават или во некои аптеки со сигурност е дистрибуиран ми се чини минатата недела“, вели министерот за здтавство, Венко Филипче.

Пациенти со истото хронично заболување алармираат оти повеќе од една година лекот Арава за третирање на болеста не можат да го набават во земјава, па го носеле од странство. Во услови, кога сите земји на ЕУ ги завторија рампите за Македонија лекот не можат да го набават ниту од надвор.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста