Нема крај на вработувањата во државната администрација – објавен оглас за 40 нови административци

Повторно се полни јавната администрација.   За само неколку дена објавени се огласи за над 40 вработувања во институциите.

Министеството за финансии отвори дури 17 огласи за вработување според огласот на Агенцијата за Администрација. Се бара советник за небанкарски институции, помошник раководител на Сектор за финансиски систем,  помлади соработници од финансиски и нефинансиски позиции, референти,  виши соработници како и раководител на одделение за задолжување и инвестирање. Платите се движат во висина од 22- 30. 000 денари.

И во законодавниот дом се отвораат 13 работни позиици. Во Собранието се бараат помлади соработници и советници, референти. Платите ќе бидат зависно од квалификациите и позициите од 20 па до 31 илјади денари.

Вработувања има и во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во ДКСК се распишани огласи за 13 работни места со плата од 26.300 денари . Од нив, шестмина треба да бидат Македонци, тројца Албанци, еден Ром и еден Турчин, а сите тие ќе земаат плата од 26.300 денари. ДКСК отвори две раководни места во ИТ секторот и на одделението за стратешко планирање со плати од 30 и 38 илјади денари.

Ова се само дел од вработувањата во државната администрација во изминатиот период. Засега нема одговор дали тие се резултат на пензионирање, друг вид одлив на вработени од овие институции, или пак само повторно натрупување на партиски војници. Одлуката за вработување доаѓа и наспроти повикот од Владата до институциите да го рационализираат своето работење и повеќе да штедат.

Владата неодамна донесе антикризни мерки со кои од сите буџетски корисници и единки го задолжи да ги намалат расходите за стоки и услуги , да ги намалат трошоците за репрезентации, за службени патувања и користење на службени возила. Јавните претпријатија и акционерските во државна сопственост треба да ги намалат тековните расходи за 15 % во рок од 15 дена  како и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансиии.   Антикризните мерки ќе важат до крајот на годината, а најавени беа дури и санкции за институциите и поединци кои нема да ја почитуваат Владината одлука за рационализација на трошоците во јавниот сектор.

Кристина Алексиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста