Нема крај на сообраќајните несреќи предизвикани од шверцери на мигранти

Нема крај на сообраќајните несреќи предизвикани од шверцери на мигранти. Утринава комбе во кое се наоѓале мигранти удри во рампа на наплатната станица кај Миладиновци, во близина на Скопје, а потоа во бетонска жардињера. Полицијата трага по шоферот кој избегал од местото на несреќата. Претходниот ден пак, на стариот пат Неготино-Градско при контрола на комбе  во товарниот дел полицијата открила 18 мигранти, сите од Бангладеш, при што 33-годишниот шофер е лишен од слобода.

Пред неполна недела кај штипското село Лакавица при судир на два автомобили повредени беа вкупно 13 лица, од кои 11 од Бангладеш и Авганистан. Поголем дел од нив се превезувале во багажникот на возилото. По укажаната лекарска помош во штипската болница , вчера е испишан и последниот пациент.

  • Останатите двајца кои беа сместени на одделението за хирургија и тие се испишани. Еднито од нив имаше повреди на лицето, вчера е однесен на преглед на клиника за максилофацијална хирургија, прегледан таму и заедно со другиот пациент, емигрант, однесен во центарот за мигранти во Гевгелија-изјави Марина Шуманска-портпарол КБ-Штип.

Патот Штип – Радовиш е дел од редовната рута по која се шверцуваат мигранти. Неофицијални извори за Алфа посочуваат дека транспортот од грчката до српската граница чини од 800 до 1000 евра по човек. Токму во шверц со мигранти пред година и половина беше фатен и штипскиот началник, кој денес е советник во кабинетот на директорот на Бирото за јавна безбедност.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста