Нема консензус за национален став, власта избегна дебата за бугарскиот меморандум

Власта избегна да се соочи со опозицијата и да се изгради национален став за меморандумот на Бугарија со кој источниот сосед ги оспорува македонскиот јазик и нација.Ниту пратениците од владеачкото мнозинство ниту вицепремиерот Димитров и министерот Османи не чувствуваа дека е потребно за ова да дискутираат на собраниската комисија за надворешна политика. Опозиционерите дебатираа сами. Тие сметаат дека бојкотот на мнозинството е поради фактот дека власта крие информации за тоа за што се разговара со Софија. Реагираа дека повеќе се дознава од бугарските официјални претставници отколку од македонската влада. Претседателот на комисијата Милошоски бара собранието да усвои резолуција за осуда на бугарскиот меморандум.

Иако Бугарија интензивно го спори македонскиот јазик и идентитет по 1945, власта не сакала да раговара за работи кои според нив факт.

Опозицијата најави уште еден обид на комисијата да се дискутира за меморандумот на Бугарија. Доколку тоа не се случи можно е ВМРО-ДПМНЕ да побара интерпелација за Димитров и Османи.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста