Нема договор „Влада – ССМ“ за раст на минималната плата – Синдикатот дава последна шанса в среда, ако не сите на улица

Нема договор помеѓу Владата и Синдикатите за зголемување на минималецот на 18.000 денари. Нов обид за договор ќе има во среда на мешовитиот совет во кој членуваат претставници на Владата, работодавачите и синдикатите. Од ССМ велат дека се разочарани од денешната средба и најавуваат радикални протести ако не им се чује нивниот глас.

Без никаков договор, и со ветување „Ќе“, заврши средбата меѓу ССМ и Владата, каде синдикатите бараа зголемување на минималецот на 18.000 денари. Синдикалците велат дека од Владата не добиле никаков конкрекетн одговор кога може да се очекува сегашната минимална плата од 15.200 денари да биде зголемена. Првиот синдикалец, Дарко Димовски рече дека на власта ќе и дадат уште една шанса во среда кога е закажан Економско-социјалниот – да ги исполнат нивните барања, во спртивно ќе организираат штрајк, а не се исклучени и други форми на протест како блокирање на улици, институции и фабрики.

  • Како сојуз на Синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „Ќе“, туку „кога“ и „колку“. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални парнери. Еве во среда на есс е последната шанса каде треба да ги договориме овие две прашања. Доколку не биде, јавно кажувам, го повикуваме работникот и македонскиот народ на штрајк каде ќе го изразиме нашето незадоволство, бидејќи со 15.200 денари нека повелат социјалните партнери нека живеат и нека си ги платат сметките во тековниот месец февруари, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

На состанокот в среда, освен синдикатите и владини претставници, на иста маса ќе седнат и работодавачи. ССМ бара минималната плата уште веднаш да биде покачеана, бидејќи граѓаните со поскапата живеачка не можат да си ги подмират сметките.

Од Владата велат дека било неопходно минималната плата да расте, но за тоа требало да се согласат сите засегнати страни.

  • Решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати, велат од Влада.

Инаку, Синдикатот подолго време бара зголемување на минималецот на 300 евра и спирално зголемување на сите останати плати. Како аргументи ги посочува зголемувањето на трошоците за живот и фактот што за синдикалната минимална кошничка се малку две минимални плати. Минатата недела беше презентирана и анализа од професори која потврдува дека зголемувањето на минималната плата не влијае негативно на фирмите, туку ја зголемува продуктивноста на работниците.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста