Нема да се преземаат дополнителни безбедносни мерки за другите модуларни болници

По синоќешниот ужас во Тетово, засега не се предвидуват посебни безбедносни мерки за модулрните болници во источниот регион. Единствено со полиција се чува ковид центарот во Струмица. Засилено полициско обезбедување има речиси осум дена и е побарано поради големиот наплив од пациенти што го имале изминатиот период изјави за Алфа  директорката  на струмичката болница Катерина Кузмановска.

Посебни безбедносни мерки во монтажната болници засега нема да бараат од штипската и кочанска болница. Инциденти не се регистрирани, освен оној во Штип кога избега  75 годишен пациент. Тој подоцна беше пронајден мртов, откако во полиција случаен минувач пријавил дека во близина на болницата има  мртов човек.

Трагедијата во Тетово го отвара прашањето колку и дали монтажните објекти во кои се лекуваат пациентите со ковид се безбедни.

  Директорите тврдат дека пред нивното пуштање е направен уреден технички прием и не се регистрирани неправилности во изградбата. Во југоисточниот регион има пет модуларни болници со капацитет од над сто болнички кревети. Изградбата на монтажи објекти  чинеше околу 3,5милиони евра- пари обезбедени со заем од Светска банка, а доколку за секоја се издвои иста сума на пари  една чини околу 200.000евра. Општините имаа за задача да го подготват теренот како и да обезбедат канализациона и водоводна мрежа , како и приклучок за енергија. Сите 19 болници се типски градени, а тендерот го  доби велешката фирма Брако заедно со валандовската „Ари и Том„.  Според првите најави монтажните објекти требаше да бидат готови до крајот на минатата година , но во употреба се пуштија дури во април. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста