Нема да се градат 99 згради кај Расадник, градоначалникот го стопираше проектот

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на барање на граѓаните го стопираше планот на претходната локална самоуправа за изградба на 99 згради во Расадник.Општината ќе објави меѓународен конкурс на кој архитекти ќе може да достават предлог идејни решенија, по што Комисијата за урбанизам ќе ги разгледа и ќе го изработи новиот детален урбанистички план.

Стопиран е и планот за Расадник. Во истиот Комисијата констатира дека има 99 нови згради, па согласно барањата на граѓаните, заклучно со февруари, ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален Урбанистички План за Расадник – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Ѓеорѓиевски најави борба против урбаната мафија со формирање на Партиципативно тело каде може да се пријават граѓани, невладини организации и стручна јавност. Рокот за пријавување истекува на 15 јануари а целта е сите транспарентно да бидат вклучени во понатамошниот развој на општината.

За да ја запреме урбаната мафија, потребна ми е и вашата помош. Ве повикувам сите да направите увид во Урбанистички планови и  сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена – вели Ѓорѓиевски.

Општината направила ревизија на 34 плана меѓу кои и планот за Црниче каде во зелениот појас биле предвидени изградба на станбени куќи, планот за Припор каде биле предвидени станбени згради, а ќе се разгледува и планот за населбата Пржино.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста