Нелегалниот забавен парк доби нови реквизити

Нелегалниот забавен парк доби нови реквизити

Наместо да ги пакува куферите, патувачкиот забавен парк се шири на полјаната во близина на СЦ Борис Трајковски. Иако без дозвола за работа и со насока да се дислоцираат, таму се монтираат нови реквизити.

Забавниот парк во моментов не работи па оттука е нејасно зошто се монтираат нови реквизити.

Сопствениците велат дека се на приватен имот и оти не прекршуваат закони, иако градските власти веќе им издадоа парични казни, бидејќи нивните вработени не поседувале сертификати и лиценци за монтирање и управување со реквизитите.Градските власти велат дека со паркот управува компанија регистрирана пред само еден месец во општина Чаир, додека пак од општина Карпош неодамна соопштија дека се работи за насилник, за кого законските процедури не важат и побараа државните институции најстрого да го санкционираат. По казната која ја заработи од Град Скопје, на терен излегоа пазарниот и градежниот инспекторат, како и од одделението за економски и компјутерски криминал од МВР, но, тоа очигледно не ги предомисли сопствениците на паркот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста