Нелегални набавки на софтвери, злоупотреба на еврпски пари, шверц на марихуана – скандали се редат

Нелегална набавка на софтвери,помагање во финансирање проекти на невладини организации, шверц на марихуана, злоупотреба на европски пари Ова се само дел од делата за кои претставници на власта од високите или пониските ешалони, се во притвор или се соочуваат со обвиненија.

Најсвеж е примерот со поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски. Тој е во притвор бидејчи е осомничен за случајот со набавка на софтверот за МВР. Тендерот од 81 000 евра го доби фирмата Инвока чиј сопственик исто така е во притвор.

Сепак премиерот Заев сметаше дека Рашковски не треба пред време да биде осуден иако законот како што кажа треба да важи за сите.

По заминувањето на Рашковски во притвор за него беа отворени и други афери. Дел од медиумите пишуваа и за случај во кој склучил тригодишен договор за софтверски лиценци од милијарда денари откако во отворена постапка отпаднале условите за  техничка и професионална способност. Тендерот го доби фирма со 200 евра пониска понуда од конкурентите. Бил поништен, а во повторената постапка не бил баран ниту еден од претходно наведените услови.

Рашковски беше во фокусот и поради земјиѓште во побожје кое го немаше во неговиот анкетен лист како и џипот волво. Пред две години пак беше отворен случајот со набавка на софтвер во М Нав од фирмата Леонардо.

Фросина Ременски поранешен висок функционер на СДСМ, министер во владата на Заев и потпреетседател на Собранието е обвинета во случајот Меѓународен сојуз. Во обвинението е наведено дека со нејзиниот углед го подржувала Бојан Јовановски наредбите со оштетените за тие да стекнат доверба во проектите на Јовановски и однапред да уплатат дел од парите.

Бизнисменот Сиљан Мицевски изјави дека 720 000 евра за проектот за старечки домови ги уплатил бидејќи стекнал добверба откако на средбите во органзизаацијата на Боки 13 ги гледал Фросина Ременски и александар Кирацовски.

За поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми мобилност Лидија Димова се уште се чека обвинение. Против неа е поднесена кривична пријава за измама и штета од 400 000 евра европски пари во случајот фризерница. Димова се товари и за злоупотреба на службената положба.

Екс директоротр на Фондот за здравство Ден Дончев беше споменуван во сферата Диамед или Рекет 2. За него се појави снимка на Јутјуб  на која од непознат човек зема пари и ги става во чанта.

Освен функционери од ваков калибар, во судир со законот беа и раководни лица од пониските ешалони во одредени ресори. Кире Спиркоски началник на полициската станица во Прилеп беше уапсен при акцијата на американската ДЕА во која беше пресретнат камион со 200 килограми марихуана во вредност од 800 000 евра. Со Спирокоски беше уапсен и александар Ушилковски, возач на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев.

МВР пак беше во фокусот на вниманието на јавноста откако беа објавени аферите Мафија 1 и мафија 2. Опозицијата ја обвини власта дека издавала македонски пасоши на криминалци од балканот и дека на исти лица им биле издавани два матични броеви со кои два пати се појавувале на избирачкиот список.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста