Неколкумина приведени во полициска акција во Грчец и Арачиново

Голема полициска акција – извршени се претреси на 34 локации – во Грчец, Арачиново, Ѓорче Петров, Бардовци, Визбегово, Чаир, Центар и Студеничани.

Акцијата почнала во 5 часот утрово и траела до 15 часот.

Приведени се десетмина, шестмина од селото Грчец и четворица од Арачиново. Се сомничат за повеќе кривични дела – предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење и произведување на оружје.

„Во текот на вчерашниот ден, пак, уапсени се уште две лица, едно од Скопје во чиј дом биле пронајдени 1,5 килограми марихуана и друго од селото Крушопек кое се барало со централна потерница“, изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.

Дел од приведените се под сомнение дека се замешани во пукањето на 1- ви декември во Александар Палас, едно од лицата во кои што беше пукано е полициски службеник кој не бил на работа и кој во самоодбрана бил принуден да го искористи службениот пиштол.

По претресите полицијата запленила автомобили, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, лаптопи, опрема за видео надзор, мобилни телефони, дрога итн.

Акцијата е спроведена од страна на СВР Скопје во соодејство со одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, криминалистичката полиција и одделот за спрецијални политички операции во кординација со основно Јавно обвинителство.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста