Неколку пати „имавме“ датум за почеток на преговори со ЕУ, ама вистината е дека ќе чекаме уште долго во пакет со Албанија

Македонија повторно во чекалницата за влез во ЕУ, најверојатно и оваа година ќе ја поминеме чекајќи го датумот кој Владата 5 години ни го ветува. Брисел пак  со старо – нова шлаканица за Македонија, преговори нема додека не се реши спорот со Бугарија. Но владата барем јавно не нуди решение. Според дел од аналитичарите, ситуацијата во која се наоѓаме сега е производ на лошата дипломатска политика која ја води власта, велат имаме неискусни дипломати кои дури наивно и веруваа дека само со промена на името, вратите од европското семејство ќе бидат отворени.

Нашата надворешна политика не ги контролира политичките случувања туку ги конзумира, притоа трпејќи штета поради непознавањето на основните работи на надворешно-политичкото делување и како функционира дипломатијата во тој контекст. Да верувате дека со промената на името ќе ви се отворат вратите, на НАТО можеби , но на ЕУ беше малку наивно и така не се води надворешна политика, која во основа е сервилна,поданичка, која не се грижи за она што значи национален интерес-рече Звонимир Јанкуловски – поранешен амбасадор.

Неконзизтетнтите ставови на македонската влада и дипломатиија, според дел од аналитичарите, ја чинат Македонија многу. Вчера како позитивна вест беше објавена информацијата дека македонската владата најветојатно успеала да издествува во Брисел, Македонија и Албанија да одат во пакет за добивање датум, а  пред неколку години тоа беше болна точка за нашите интеграции.

Поранешниот амбасадор во Вашингтон, Наумовски вели дека многу жртвувавме, а Владата не исполни ништо од тоа што ветуваше, поврзано со почетокот на преговорите.

Сега гледаме дека доколку порано бевме поборници за раздвојување на групата со Албанија, сега на некој начин ние сме тие кои бараме да останеме во групата со Албанија бидејчи очегледно Албанија е поблизу до почеток на преговори со ЕУ, одколку што е Македонија. Тоа зборува за една ситуација за која Владата едноставно не е способна да направи исчекор напред кон почетокот на преговорите и зборува за неспособноста на Владата да го исполни она ветување кое го даде. Имено тие надежи беа дадени токму од Владата дека по сите болни компромиси за нашето општество, почетокот на преговорите требаше да биде логички след на настаните-вели Васко Наумовски – поранешен амбасадор.

Премерот Заев пак тврди дека Македонија не се откажува од патот кон ЕУ, и дека не сакал да се разговара за македонскиот идентитет кој е на маса, но прашање е кој дозволил истиот да биде ставен како точка на разгледување, односно разговор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста