Некои компании се основаат и успешно се развиваат во време на криза

„Едни од најмоќните фирми се основале во време на рецесија и сега се гледа дека се многу успешни. Скоро сите сами се финансирале. Растат без многу надворешен капитал. Треба да им се дадат алатките за да станат успешни. Се е до нивните знаења и умешности“ – вели универзитетскиот професор од САД, Норис Кругер.

„Секој регион си има свои различности, но на крај, луѓето се луѓе и се соочуваат со овие тешки времиња. Многу често се работи за свесен избор, дали е ова закана или можност. Јас мислам дека е ова можност. Вие сте мала земја, провинција и моќните политичари и институциите, дури и да имаат најдобри немари, можат да ви се најдат на патот. Но ако одлучите да одите напред, некои фондови и активности што можат да ви помогнат се навистина предност“ – вели Кругер.

Македонските компании, пак, мака мачат како да застанат на нозе во време на пандемијата. Некои се преориентираат, некои почнуваат да продаваат он-лајн, но многу од нив се во тешка финансиска криза. Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори вели дека македонските фирми имаат напредок, но не сите можат да се адаптираат да продаваат електронски.

„80% од нив не можат да ги користат овие дигитални алатки, бидејќи не секој сектор може да продава он-лајн. Затоа отворија нов пазарен сегмент во постоечкиот. На пример, некои продавници почнаа да продаваат здрава храна, други почнаа да произведуваат дезинфекциони средства, нешта што се означуваат како хигиенски и слично. Значи, се обидуваат да се прилагодат, да отворат нов сегмент во постоечкиот, бидејќи не можат да најдат нов пазар во моментов. „ – вели Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста