Некогаш ние бевме лидери во регионот сега тиранскиот аеродром го превзема приматот во авиосообраќајот

Некогаш ние бевме лидери во регионот сега тиранскиот аеродром го превзема приматот во авиосообраќајот

Тиранскиот аеродром го превзема приматот во авиосообраќајот,искористеноста на двата македонски аеродроми,посебно на охридскиот е сведена на минимум. Со неколку лета неделно,аеродромот Свети Апостол Павле кој има потенцијал да игра клучна улога во привлекување странски гости во Охрид , останува празен.

 Имено најголемиот број летови што се откажани не се откажани за да не доаѓаат на Балканот туристите, туку се пренасочени на аеродромот Тирана.Зошто тиранскиот аеродром е поевтин од охридскиот и од скопскиот и зошто се пренасочени сите тие летови, некој треба да одговори на тоа прашање.Ако од 12 линии се сведете на само 2 неделно, тогаш тоа ви е сериозен проблем”-вели Зоран Тунтев,универзитетски професор.

Тоа што не придававме доволно внимание на конкуренцијата,го искористи нашиот западен сосед,а со години укажувавме велат туризмолозите,дека намалувањето на летовите ќе предизвика намалување на бројот на квалитетни туристи и нивниот просечен престој во Македонија.

 На тој начин и просечната потрошувачка на самите туристи ќе се намали, односно квантитетот ќе го надмине квалитетот во дестинацијата и според мене ако продолжи овој тренд ќе имаме девалвација на самата дестинација, односно нема да можеме добро да управиваме со истата”-вели Љупчо Јаневски,поранешен директор на АППТ  

И во едни вакви услови кога Албанија инфраструктурно граби напред,туристите кај нас се приморани со часови да патуваат со автобуси за да стигнат до деситинација.

 Ако ги прашате туристите или агенциите кои ги откажуваат или визер да го прашате јас сигурен сум дека ќе одговорат немате добра инфраструктура.Ние ќе слетаме на охридскиот аеродром ама што понатаму ? До Охрид треба да поминат низ цели харидби  со тој автопат кој се гради откога памтам за себе или до Скопје, таа врска мора да биде брза и ефикасна”-додава Тунтев

Крајно време е властите да се зафатат со работа и да ја промовираат нашата преубава земја во еворпските метрополи со кои имаме дирекни линии, бидејќи Македонија не е земја од третиот свет-велат нашите соговорници.Од новата влада очекуваат конечно да се донесе нова стратегија за развој на туризмот оти постојната датира од 2016-та.Предлагаат со велосипетска патека градот да се поврзуве со аеродромот.Охрид  би бил единствен на мапата на Европа кој би бил поврзан со финалната дестинација со велосипед.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )