Нека биде светско – денеска е денот „Д“ за македонскиот фудбал

Денеска е денот „Д“ за македонскиот фудбал. Нашите репрезентативци вечера во 20:45 на стадионот „Драгао“ го играат одлучувачкиот натпревар против Португалија за евентуален настап на престојното светско првенство. Очите на целата нација се свртени кон стадионот во Порто, кој ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 македонски навивачи. Неизвесност, надеж и верба за победа – сите ние останатите, на свој начин се подготвуваме за вечерашиот историски дуел.

Се чистат локалите, се поставуваат телевизори, се местат македонски знамиња. Скопје се подговтува за историја. Градот пулсура во фудбалска магија. Кафулињата се веќе преполни и сите зборуваат за истото – Македонија ќе се пласира на светското првенство во Катар.  Граѓаните со нетрпение очекуваат натпреварот да почне. Прогнозите се победа за Македонија, но велат што и да се случи вечерва, македонските фудбалери се веќе големи победници. 

  • Ќе гледам фудбал обавезно, 1 – 0 за Македонија секако.
  • Важно е да играме, ние и така сме победници, нашите фудбалери веќе се докажаа.
  • Мислам дека ќе биде нерешено, само да не изгубиме, велат граѓаните во очекување на историскиот меч.

Историскиот натпревар организирано ќе се гледа и на плоштадите во повеќето македонски градови. По победата над Италија, акедонскиот фудбал стана интересен и за светот.

  • Италија беше јака, се надевам дека Македонија ќе се покаже во      најдобро светло и сега во Португалија,
  • Наште Македонци ги бодриме, и нека види светот која е Македонија, кои сме ние, и дека сме најдобри, велат граѓаните.

Масите во локалите се резервирани до последно место. Угостителите велат дека се е спремно. Пиво мезе и одлочно расположение ќе има на секоја маса.

  • Се е спремно, сите маси се организирани, сега се досредува се и веќе вечер ќе почне да се вжештува атмосферата, тогаш очекуваме да си врие атмосферата, очекувам победа за Македонија, верувам во нашите, вели за Алфа Влатко Нановски од Скопје, сопственик на угостителски објект.

Ќе се навива од Македонија до Португалија. Најсреќните, најупорните и навивачите со подлабок џеб веќе се во Порто.  Нашата селекција на стадионот  „Драгао“ ќе има поддршка од околу 2.000 навивачи, кои се надеваат на уште едно славје и нов фудбалски „земјотрес“ во светски рамки. Нека се повтори Италија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста