Нејмар го загуби спорот со Барселона, ќе треба да му врати на поранешниот клуб 6,7 милиони евра

Нејмар го загуби судскиот спор против неговата поранешна екипа Барселона и сега ќе треба да му надомести на каталонскиот гигант за тоа. Имено бразилскиот фудбалер го тужеше составот од Ноу Камп дека му останал должен 43,6 милиони евра, пари кои требало да му ги исплати на име на бонуси. Сепак судот смета дека според приложениот договор и останатите докази во целиот процес не е оштетен Нејмар туку Барса, па така актуелниот напаѓач на ПСЖ ќе треба на својот поранешен тим да му врати 6,7 милиони евра или сумата од првата исплатена рата од бонусите поради прекршување на клаузула во договорот со предвремениот раскин на соработката и заминувањето во ПСЖ. Сепак одлуката нема да стане правосила веднаш бидејќи Нејмар има право на жалба. Дел од шпанските портали веќе почнаа со шпекулаици дека ваквиот развој на судскиот процес може да ги разниша односите на Нејмар и Барселона и неговото долого најавувано и очекувано враќање на Ноу Камп може да не се случи воопшто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста