НЕИЗВЕСНО ВРАЌАЊЕТО НА МЗТ ВО АБА, ПРИМОРСКА ЌЕ СЕ СПАСИ ОД БАНКРОТ?

Обидот на МЗТ Скопје да се врати во АБА лигата може да се изјалови. Иако се очекуваше раководството на регионалниот шампионат смао да го потврди учеството на македонскиот клуб кој требаше да го заземе местото на банкротираната Приморска, се чини дека словенечкиот тим би можел да се спаси од банкрот. Медиумите во Словенија објавуваат дека Приморска успеала да најде 700 000 евра за покривање на долговите и почеток на подготовките за новата сезона во која планира и натаму да учествува во АБА лигата. Новото издание на Јадранската лига е закажано првата недела од октомври, па се очекува во нарендите денови да се расчистат сите детали околу учесниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста