Неизвесна поддршката на британскиот парламент за денеска постигнатиот договор за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит.Со договорот се дозволува земјата да ја напушти Унијата. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска соопшти дека договорот е „фер и избалансиран“.

„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, напиша Јункер.

Дека има договор потврди и британскиот премиер Борис Џонсон.

„Имаме одличен нов договор“, напиша Џонсон на Твитер.

Од другастрана, Британските лабуристи не се задоволни со новиот договор за Брегзит.Како што рече првиот опозиционер Џереми Корбин, тој бил „дури и полош“ од оној што го постигна поранешната премиерка Тереза Меј, кој три пати беше одбиен од Парламентот.

Овие предлози ризикуваат да предизвикаат трка до дното на правата и заштитите ставање под ризик на безбедноста на храната, намалување на еколошките стандарди и правата на работниците и отворање на нашиот национален здравствен систем кон преземање од страна на американски приватни корпорации. Овој договор за распродажба нема да ја обедини земјата и треба да биде отфрлен, изјави Корбин.

Демократска унионистичка партија од Северна Ирска фрла сомнеж врз прифаќањето на договорот, истакнувајќи дека не може да ги прифатат мерките што се однесуваат на цариснките политики, како и за други прашања за кои е постигната согласност меѓу Лондон и Брисел.

Ања Василева