Неизлезноста на македонското гласачко тело е причина за огромниот број албански пратеници

Малото водство на СДСМ на овие избори е најверојатно резултат на помалата  излезност на македонскиот електорат на изборите, но и фактот што на своите листи имаше кандидати за пратеници од БЕСА, тоа е причината и за поголемиот дел на албански пратеници во собранието , велат дел од аналитичарите за Алфа.

Дали победата на СДСМ и поголемиот број на албански претставници во Собранието се резултат на помалата излезеност на македонскиот електорат и гласањето на албанците за коалицијата СДСМ БЕСА во изборните единици каде доминантно население е македонското?

Бројките покажуваат дека двете најголеми партии од македонскиот блок освоиле помал број на гласови споредбено со минатите парламентарни избори.

СДСМ освоиле 327 408 гласови односно 46 пратенички мандати, за разлика од 2016 година кога освоиле 436 981. ВМРО-ДПМНЕ пред речиси 4 години имале 454 577, а сега има 315 344 или 44 мандати.

За ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на минатите избори во 2016-та гласале околу 940 илјади илјади, а во 2020 двете партии добија околу 720 илјади гласови. Во превод излегле 200.000 гласачи помалку во македонскиот блок.

Во албанскиот блок, пак, во 2016-та гласале 210.000 за албанските партии, а во 2020 за албанските партии гласале околу 200.000 гласачи. Но сепак со 10.000 помалку излезени гласачи во албанскиот блок, тие добија 12 пратенички места плус.

Најверојатно благодарение на фактот што дел од македонците на пример во ИЕ 2 и ИЕ 6 го дадоа гласот на коалицијата СДСМ БЕСА и со тоа се зголемува и бројот на албанци во законодавниот дом кои беа на листата на коалицијата Можеме, оти претходно албанските партии трчаа сами на изборните трки.

Во минатиот состав, албанскиот блок имаше 20 пратеници, а со сегашните резултати имаат 32 пратеника. ДУИ има 15, Алијанса 12, ДПА 1 пратеник и 4-ца пратеници кои се од БЕСА, а се во предизборна коалиција со СДСМ. Тука се и Албанците на листата на СДСМ од нивните редови (најмалку двајца), но кои официјално се од оваа партија.

Губењето на гласови на двете најголеми партии од македонскиот блок аналитичарите го толкуваат како страв од корона вирусот, апатија кај гласачите, негативна кампања како и различниот праг на гласови во изборните единици за освојување пратеничко место.

Апатија реално има, бидејќи ние не сведочевме на  проактивна кампања во која нам како граѓани  ќе ни дадат надеж за иднината, туку како што имаат обиќај се концентрираа на негативна кампања ,  а таа не е охрабрувачка за да излезете да гласате – вели за Алфа, АЛБЕРТ МУСЛИУ- аналитичар

Во ИЕ 6 ‚ требаше 5000 гласови за еден пратеник , а во ИЕ 3 , 7000. Така што повеќе илјади гласови паднале во бунар поради тоа, бидејќи  излезноста беше на граница на мала, 51 процент….вели за Алфа,   АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ – универзитетски професор

Иако СДСМ доколку би излегла сама на изборите судејќи по бројките би ги изгубила изборите, сепак коалицијата со БЕСА придонесе за поголем број на пратенички места во Собранието. Разликата на гласови меѓу Колаицијата Можеме и коалцијата Обнова на Македонија е 12.064 гласа.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста